Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, поведе со 1-0 во полуфиналето на израелскиот плеј-оф.
Макаби Ришон славеше во градското дерби со Хапоел Ришон Ле Зион со 28-25 во серијата „подобар од три“.
Македонскиот чувар на мрежата беше меѓу најзаслужните за победата и имаше 12 одбрани со одличен процент на успешност, 38%.
Серијата сега се сели на теренот на Хапоел Ришон, а вториот меч ќе се игра на 19 април.