Чаир триумфираше против Скопје во меч со 15 исклучувања и два црвени картони

Ракометарките на Чаир не му препуштија ништо на случајот и славеа на гостувањето кај Скопје со убедливи 40-24.

Во борбен натпревар во кој имаше дури 15 исклучувања и два црвени картони, чаирчанки уште по првиот дел го обезбедија триумфот, откако водеа со 22-9. Беа покажани и 13 седмерци на двете страни, од кои Скопје реализираше 4/5, додека Чаир 7/8.

Кон средината на второто полувреме трети исклучувања добија младинските репрезентативки – Росана Павлова од Скопје и Хана Мифтари од Чаир, па мораа предвреме да го завршат настапот.

Тоа не промени ништо резултатски на теренот, предноста на Чаир најчесто се движеше од 11 до 13 гола, додека во финишот гостинките стигнаа до највисоки плус 16.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Jасмина Попова со осум гола, како и Марија Галевска и Ангела Костовиќ со по седум гола, а кај Скопје се истакнаа Стефани Ристиќ со осум и Теодора Стаменкова со седум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080