Екипата на Чаир продолжува да се засилува за вториот дел од натпреварувачката сезона.
Нова ракометарка во тимот на Басри Љатифи е 17-годишната Ива Петрова, која со својот квалитет се очекува да донесе свежина во редовите на вицепрвакот.
Чаир претходно се засили со десниот бек од Романија, Софија Чавар, како и со довчерашната членка на Металург Автокоманда, Мила Алексоска.
Чаирчанки имаат големи амбиции во оваа сезона и ќе се обидат да освојат барем еден од трофеите на домашна сцена, откако имаа добар европски настап.
Избраничките на Љатифи во ланската сезона го освоија второто место во Женската лига, а играа и финале во Купот на Македонија.