Ракометарките на Чаир денеска и утре ќе имаат голем предизвик во Европа во обидот да направат историски успех.
Избраничките на Басри Љатифи ќе се соочат со чешката екипа Славија Прага во осминафиналето на Европскиот Куп.
Чаирчанки донесоа засилување на десната бековска позиција во името на романската интернационалка Софија Чавар, но и Славија Прага има свои адути.
Во чешкиот тим игра македонската интернационалка Ангела Јанкуловска, која се врати по кратката пауза во тимот и игра во одлична форма.
Двата натпревари се играат вечерва и утре со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.