Чаир рутински се справи со Скопје

Екипата на Чаир во натпревар од 4. коло од Женската лига немаше проблеми против Скопје и дојде до убедлив триумф од 40:23.

Двете екипи овој натпревар требаше да го одиграат на 5/6 октомври, но поради настапот на Чаир во Европа, натпреварот се одигра денеска.

Избраничките на Басри Љатифи денешната задача ја завршија уште во првиот дел, кој го добија со 18:9.

Вториот дел беше повеќе формалност, а ракометарките на Чаир од минута во минута ја зголемуваа предноста за конечни плус 17.

Најефикасни во победничката екипа со по девет погодоци беа Стефанија Ѓеоргиевска и Бојана Диневска, шест запиша Хана Мифтари.

Кај Скопје листата на стрелци беше предводена од Ангела Шехтанска, Марија Стојановска и Наталија Максимовска, сите три ракометарки имаа по четири погодоци.