Екипата на Чаир се наоѓа пред елиминација во Европскиот Куп, откако на првиот натпревар од осминафиналето бешепоразени од Славија Прага со 31:20. На тимот, во кој настапува репрезентативката на Македонија, Ангела Јанкуловска, на утрешниот реванш дуел му одговара реми, или пак пораз помал од десет голови.
Ривалот од Чешка уште од самиот старт влезе во брз ритам и како одминуваше времето, така ја зголемуваше разликата во своја корист. Македонскиот претставник во еден период за момент се закани намалувајќи на 6:5, но во останатиот дел Славија Прага доминираше на теренот.
Освен неколку расположени ракометарки, тимот на Ангела Јанкуловска ја имаше и голманката Мала, која во првите 30 минути им одбрани седум удари на чаирчанки. Тимот на Љатифи никако не можеше да се консолидира, влезе во еден кризен период во последниот дел од првото полувреме, па така Славија Прага казни дел од грешките на Чаир и на пауза замина со плус седум, 15:8.
Тука веќе беше решен натпреварот, а во преостанатите 30 минути немаше промена на резултатот, ракометарките на Славија Прага не се опуштија ниту за момент и успеаја да ја зголемат предноста за конечни 11 голови разлика.
Најефикасни во составот на Чаир беа Теодора Дукоска и Теодора Гулоцоска, двете постигнаа по пет погодоци. Битолчанката Ангела Јанкуловска имаше три успешни реализации за победничкиот тим.
Утрешниот реванш натпревар ќе биде само формалност и обид за Чаир да се покаже во подобро светло.