Чаир останува во игра за второ место – славеше над вицепрвакот

Екипата на Чаир во натпревар од 22. коло од Женската лига славеше на дерби дуелот против Куманово со 30:28. Чаирчанки до победата дојдоа со подобрата игра во последните десет минути од натпреварот.

Една од најзаслужните за остварената победа на Чаир беше и голманката Магдалена Којовиќ, која во последниот периот фати неколку клучни топки и беше ветер во грб на своите колешки.

Како што се и очекуваше, денешниот натпревар мина во голема борба со многу изедначувања, пресврти, но и технички грешки на двете страни. На крајот пресуди поголемата фокусираност на домашниот тим.

Во првиот дел, кој мина со изедначена игра, двете екипи никако не можеа да направат исчекор, односно поголема разлика од плус два. По 30 минути игра резултатот беше нерешен, 15:15.

Слично сценарио гледавме и во вториот дел, двете екипи наизменично се менуваа во водство. Резултатот во 45 минута беше 23:23, додека пет минути подоцна 26:24 во корист за домашниот табор.

Од тој момент избраничките на Басри Љатифи имаа контрола на резултатот, водеа со еден до два гола разлика и не дозволија во ниту еден момент гостинките од Куманово да направат камбек.

Најефикасна во победничката екипа беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум погодоци, по шест постигнаа Ангела Костовиќ и Амела Џакмиќ. Во поразениот табор се истакнаa Сузана Зечевиќ и Сара Цветановска со шест реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080