Екипата на Чаир го задржа второто место на табелата во Женската лига, откако славеше победа против Шампион како гостин на свој терен со 56:11.
Победникот беше решен уште по првото полувреме кога избраничките на Басри Љатифи постигнаа 25 гола, а примија само шест.
Во вториот дел немаше никакви возбудувања, а само се зголемуваше разликата во корист на тимот од Чаир.
Најефикасна во победничкиот табор беше Стефанија Ѓорѓиевска со 12 погодоци, по седум постигнаа Бојана Диневска, Теодора Дукоска и Биљана Дамчевска.
Кај Шампион листата на стрелци беше предводена од Ана Ристевска, која зад своето име запиша четири реализации.
Во последното коло од есенскиот дел Чаир игра дома со Астибо, а Шампион му гостува на Скопје.