Бутел Скопје ќе игра на турнир во Босна и Херцеговина

Тимот на Бутел Скопје како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе настапат на турнир во Босна и Херцеговина.

Избраниците на Горан Кузманоски ќе бидат дел од четвртото издание на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“.

Турнирот е на програмата од 17 до 19 јануари, а покрај Бутел Скопје и домаќинот Босна Сараево, дополнително ќе бидат познати и останати учесници.

Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-офот во Супер лигата и се наоѓа на петтото место со 16 бодови по 16 одиграни кола.