Бутел Скопје го задржа десното крило – Бојан Спасовски потпиша до 2026 година

Тимот на Бутел Скопје продолжува со склопувањето на играчкиот мозаик за наредните сезони во елитното друштво.

По Филип Николов, потпис на нов договор стави и десното крило Бојан Спасовски, кој игра во одлична форма оваа сезона.

Спасовски се обврза на нова соработка од две сезони и ќе остане во Бутел Скопје најмалку до 2026 година.

Бутел Скопје се уште чека на првиот триумф во суперлигашкиот плеј-оф, а нова шанса за тоа ќе има на гостувањето кај составот на Струга.