Тимот на Рапид Букурешт, без Сара Ристовска во ростерот претрпе висок пораз на гости кај францускиот Брест и се оддалечи од осминафиналето.
Во домашниот сооав, Ива Младеновска исто така не беше во ростерот, па изостана македонскиот двобој.
Будуќност изненадувачки го победи лесно некогашниот трикратен европски првак Кристијансанд и славеше со 26-20. На голот блескаше Атингре со 13 одбрани, додека Вукчевиќ беше најдобра со седум гола во нападот.
Подравка на Ивица Обрван направи голем чекор до осминафиналето во Лигата на шампионите, откако победи среде Данска, додека Глорија Бистрица триумфираше против норвешкиот Сторхамар.
Лига на шампиони, резултати, 9 коло:
Глорија Бистрица – Сторхамар 31-28
Никобинг – Подравка 28-31
Брест Бретањ – Рапид Букурешт 33-21
Будуќност – Кристијансанд 26-20
Крим – Ференцварош 22-27