Еден од најтрофејните клубови од Балканот, црногорски Будуќност, по бурната сезона, во која не се знаеше дали ќе продолжи да функционира поради финансиските проблеми, успеа да ја стабилизира ситуацијата со нов спонзор.
Станува збор за црногорската комерцијална банка, а оваа поддршка претставува значаен чекор за клубот кој во наредната сезона ќе ја одигра својата 30. сезона во најквалитетното европско натпреварување – ЛШ.
Раководството на клубот изминатиот период, освен на финансиски план, работеше и на подобрување на играчкиот кадар за новата сезона, па така договори три засилувања, од кои едното е повратничка во тимот.
Екс ракометарката на Вардар, Итана Грбиќ, која токму во Македонија го првиот интернационален предизвик, повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб, за кој последен пат настапуваше во првиот дел од сезоната 2020/21.
Грбиќ моментално настапува за словенечкиот шампион Крим, а во својата кариера ги носеше дресовите и на Ференцварош, Брест Бретањ, ЧСМ Букурешт, како и на првиот и вториот тим на Вардар.
Покрај Грбиќ, нови имиња во Будуќност ќе бидат репрезентативката на Сенегал, Ава Н’Дај, исто така членка на Крим, како и полската репрезентативка Дагмара Ноцун, која настапува во романската Глорија Бистрица.