Бриксен и Ериче го одбранија трофејот во Купот на Италија

Екипите на Бриксен и Ериче со победници на машкиот, односно женскиот Куп во Италија.

Тимот на Бриксен во финалето славеше над Меран со еден гол разлика, 26:25 (12:12).

Во женското финале меѓу екипите на Ериче и Касано исто така имаше голема возбудливост.

Ериче, кој моментално е третопласиран во италијанскиот шампионат, успеа да ја добие битката со Касано, триумфираше со 23:21 (11:12).

Двете екипи и минатата година беа победници во финалето од Купот на Италија.