Бразилски репрезентативец на радарот на Еурофарм Пелистер!

Бразилското десно крило Рудолф Хакбарт е на радарот на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, пишува „Handball Basse“.

Хакбарт во моментов е член на шпанскиот тим Куенка, но му завршува договорот на лето и е на добар пат да дојде во тимот на Раул Алонсо.

Станува збор за бразилски репрезентативец, кој имаше одлични настапи на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка, и постигна 28 погодоци.

Тој потекнува од Блуменау, играше за Лондрина и Пињериос пред да дојде во Шпанија во 2019 година, каде настапуваше за Ла Риоха и Уеска, а во моментов ја одработува втората сезона од договорот со Куенка.

Хакбарт во минатата сезона на 38 меча имаше 167 погодоци, а досега во одиграните 20 дуели сезонава има дадено 114 гола.