Бразилецот Андраде ги задоволи критериумите – потпиша договор со Прилеп!

Екипата на Прилеп за вториот дел од сезоната ќе може да смета на ракометарот од Бразил, Ерик Андраде.

Бразилецот најпрво во Прилеп беше на пробен период, ги задоволи критериумите на раководството на клубот и доби добри оценки за она што го прикажа во текот на подготвителниот период.

Младиот ракометар игра на позицијата лев и среден бек и сигурно ќе биде од голема помош во тимот на Божидар Мојсов.

Освен Андраде, ростерот на Прилеп ќе биде побогат со Ангелче Органџиев, па така Мојсов ќе има поголема ротација за разлика од есенскиот дел.

Прилеп ќе се бори во плеј-аут фазата и ќе се обиде да го сочува суперлигашкиот статус за наредната сезона.

Прв ривал на Прилеп во борбата за опстанок ќе биде незгодниот Скопје, потоа следуваат дуелите со Голден Арт, Мулти Есенс, Аеродром, Куманово…