По интернационалната кариера, голманот Харис Плех одлучи да се врати во својата татковина, односно во матичниот клуб Горажде.
28-годишниот голман, кој во сезона 2018/19 беше дел од битолски Пелистер, последниот клупски ангажман го имаше во Хапоел Кирјат Оно од Израел.
Во својата кариера бранеше и за екипите на АЕК Атина, Спортинг Хорта, Нава, Хелсинки и за турскиот МИК Хендбол.
Договорот со Горажде го продолжија Елмир Граџан и Богдан Николиќ, двајцата исто така имаат настапувано во Битола.
Горажде натпреварувачката сезона во босанскиот шампионат ја заврши на 11. позиција и го сочува суперлигашкиот статус.