Браќата Салинас ќе го водат Чиле на Мундијалот

Селекторот на Чиле, Аитор Ечабуру, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за настапот на Светското првенство 2025.

На списокот на чилеанскиот селектор се најдоа 22 ракометари, а меѓу нив и браќата Естебан и Родриго Салинас, кои играат за шпанската Бидасоа.

Откако за првпат во 2011 година Чиле обезбеди место на СП, седум пати по ред играше на Мундијалите, но ниту еднаш не успеа да стигне до главната рунда.

Сега ќе има тешка задача за првпат да го направи тоа, бидејќи во групата ќе игра против Шпанија, Шведска и Јапонија.

Капитенот Родриго Салинас осми пат ќе игра на СП, а покрај браќата, тука е Ервин Фојчтман од францускиот Тулуз, пивотот Хавиер Фрелиј, десниот бек Даниел Ајала.