Божиновски и Начевски со задача во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првата и втората рунда од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во женска конкуренција.

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија задача на дуел од Лигата на Европа.

Тие двајца ќе бидат арбитри на натпреварот во Полска меѓу тимот на Лублин и францускиот Нант, а делегат ќе биде Емир Бешлија од Црна Гора.

Овој натпревар е на програмата на 13 јануари со почеток во 16:00 часот, а ќе се одигра во „Глобус Арена“ во Лублин.