Божиновски и Начевски ќе судат двомеч во квалификациите за СП 2025

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе судат двомеч од првиот бараж за пласман на СП 2025.

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првиот бараж за Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, а меѓу нив се Божиновски и Начевски.

Тие ќе судат на двата натпревари што ќе се играат во градот Тополчани меѓу домаќинот Словачка и селекцијата на Израел.

Првиот натпревар е на програмата на 15 март од 19:30 часот, додека реваншот на кој формално Израел ќе биде домаќин ќе се игра на 17 март од 14:00 часот.

Победникот од овој двомеч ќе се пласира во вториот бараж каде што го чека селекцијата на Полска.