Боризовска втор стрелец, ПАОК ќе мора да игра мајсторка за финале во Грција

Тимот на ПАОК Солун, каде што игра македонската интернационалка Александра Боризовска, ќе мора да игра мајсторка за место во финалето на грчкиот шампионат.

Во вториот натпревар од полуфиналната серија, ПАОК загуби на гостувањето кај составот на 29-28, иако тимот од Солун водеше во финишот со 27-26.

Македонката Боризовска беше втор стрелец во редовите на ПАОК и мечот го заврши со пет постигнати погодоци во противничката мрежа.

Третиот натпревар од серијата што ќе го даде финалистот се игра после Велигден на теренот на ПАОК, а Неа Јонија со 2-0 го елиминира Артас и ќе го чека победникот од овој двобој во битката за титула.