Македонскиот интернационалец Борис Ристовски повеќе не е член на Будуќност, откако двете страни одлучија секој да си продолжи по својот пат.
Велешанецот во клубот од Подгорица пристигна на стартот на оваа сезона и се покажа во одлично светло, но искусниот среден бек посакува нов предизвик во својата кариера.
Ристовски на интернационално ниво, освен за Будуќност, настапуваше уште за францускиот РОК Ајверон и косовскиот Кастриоти.
Во Македонија го носеше дресот на Металург РА, Вардар Неготино, Тиквеш и матичниот Борец од Велес.
Средниот бек со тимот на Кастриоти играше во европските натпреварувања, односно во Европскиот Куп.