Борец парираше, но Текстилец носи три бода од Велес

Екипата на Текстилец на гостувањето кај Борец во Велес славеше со 39:33 во натпревар од 3. коло од прволигашкиот плеј-аут.

Домаќините одиграа добро во првиот дел, на пауза имаа негатива од 18:17, на моменти парираа во вторите 30 минути, но на крајот пресуди искуството на гостите.

Победничката екипа беше предводена од Александар Јовановски, постигна 11 погодоци, а го следеше Милисав Петров со шест реализации.

Кај домаќините одличен натпревар имаше Јован Атанасовски, кој постигна 15 погодоци, сите од игра, втор стрелец беше Игор Јаневски со осмум погодоци.

Текстилец во следното коло на свој терен ќе го пречека Астраион, додека Борец ќе гостува кај Овче Поле.