Бомба од Битола: Манасков потпиша за Еурофарм Пелистер!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во продолжението од сезоната во борбата за задржување на титулата и напад на Куп трофејот ќе биде посилен за македонскиот репрезентативец, левото крило Дејан Манасков.

Двете страни подлго време преговараа, а деталите од договорот со Манасков неодмана се целосно прецизирани, и според информациите на 24ракомет денеска тој би требало да го стави потписот, и да се појави на тренингот на Бранислав Ангеловски. Ќе настапува и во следните четири натпревари од ЕХФ лигата на шампионите. Мансков би требало да остане во Битола најмалку 1,5 година.

Искусниот Манасков по кратката пауза ќе се врати на ракометните терени и ќе им помогне на битолчани во одбраната на титулата во македонскиот шампионат, каде најголеми конкуренти ќе им бидат Вардар и Алкалоид. Тој ќе формира трио со македонските репрезентативци Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ на левата крилна позиција во битолскиот клуб.

Дејан Манасков е македонски репрезентативец и интернационалец кој во Македонија ги бранеше боите на Металург и Вардар, додека на меѓународна сцена беше дел од бундеслигашите Вецлар и Рајн Некар Левен, како и унгарскиот гигант Веспрем. Лани со Вардар го освои Купот на Македонија.