Блесок на Маџовска, со „десетка“ го потопи Солинген

Македонската репрезентативка Симона Маџовска игра во одлична форма пред двомечот со Шпанија од квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Таа беше најдобар стрелец во победата на нејзиниот Цвикау над Солинген со еден гол разлика, 29-28 во натпреварот од 15 коло во Бундес лигата.

Левиот бек Маџовска беше најдобар на теренот од двата тима и успеа да постигне десет погодоци од 13 обиди.

Цвикау сега има осум бодови на 11 место на табелата во Бундес лигата, а во следното коло ќе гостува кај Мецинген.