Блесок на Гидсел, Фуксе Берлин го наполни голот на Сан Фернандо

Тимот на Фуксе Берлин имаше победнички старт на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб.

Во Дамам, германските „лисици“ го наполнија голот на првакот на Средна и Јужна Америка, Сан Фернандо, и славеа со убедливи 48-34.

Неверојатна партија имаше десниот бек Матијас Гидсел кој погоди дури 13 пати, а девет гола постигна левото крило Џери Толбринг.

Претходно, тимот на Ал Наџма го совлада првакот на Северна Америка и Кариби, Сан Франциско со 29-22, но по вчерашниот пораз од Келце тешко дека може да се надева на полуфинале.