Голема фама се крена во ракометната јавност по објавувањето на позитивниот допинг тест на португалскиот среден бек Мигел Мартинс.
Тоа го објави неговиот клуб Алборг пред стартот на СП, но случајот имаше повеќе продолженија.
Беше утврдено дека станува збор за допинг тест од ЕП 2024, кој првично бил негативен?!, а германскиот „Билд“ пишува дека во примерокот на Мартинс е пронајдена сусптанца од лек кој го користат жените.
Станува збор за лек за намалување на ризикот од предвремено породување што е уште една нелогичност, а како ќе се развива случајот понатаму останува да видиме.
Португалија и без Мартинс запиша две победи над САД и Бразил, а денеска ќе се соочи со Норвешка во битка за првото место во групата.