Tin LUCIN and Domagoj DUVNJAK, Croatia vs Iceland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 22.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

БИЗАРНО: Хрватска мора да изгуби од Германија за да брка ОИ!

Репрезентацијата на Хрватска иако на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија пристигна со амбиции да игра полуфинале, сепак, ќе мора да се задоволи со пласман меѓу 9 и 12 место.

Хрватска со вчерашниот пораз од Исланд ги загуби шансите да избори директен пласман на Олимписките игри во Париз, па така „коцкестите“ имаат неколку варијанти како да стигнат да играат на квалификацискиот турнир, кој ќе се одржи во текот на месец март.

Хипотетички, доколку во финалето на Европското првенство играат репрезентациите на Франција и Данска, кои веќе се пласираа на Олимписките игри, тогаш третопласираниот од континенталниот собир ќе има директно место на Олимписките игри како претставник од Европа.

Хрватите можат да стигнат до квалификацискиот турнир на неколку начини. На последниот Мундијал, според правилата, пласман на квалификацискиот турнир обезбедија репрезентациите кои се пласираа од 2 до 7 место. Бидејќи земјата домаќин Франција го освои сребрениот медал, право на учество на квалификацискиот турнир имаат репрезентациите кои се пласираа од  трето, па до осмо место, а тоа се репрезентациите на Шпанија, Шведска, Германија, Норвешка, Египет и Унгарија.

Доколку некоја од наведените репрезентации се квалификува директно за Олимпијадата преку нивното континентално натпреварување, тогаш  пласман во квалификациите обезбедува репрезентацијата која заврши на 9 место на претходниот Мундијал, а тоа е Хрватска.

Во случај репрезентацијата на Египет да победи на Африканскиот шампионат, тогаш Хрватска сигурно ќе настапи на квалификацискиот турнир. Сепак, репрезентацијата на Хрватска можеби нема да мора да чека услуга од африканската земја. По вчерашната победа на Германија против Унгарија, на репрезентацијата на Хрватска не и одговара само ситуацијата Австрија да игра во полуфиналето на ЕП.

Доколку во полуфиналето на Европското првенство играат домашната репрезентација и Унгарија, тогаш „коцкестите“ сигурно ќе настапат на квалификацискиот турнир, без разлика на кое место ќе заврши Египет на Африканскиот шампионат.

За Германија да игра полуфинале ќе треба да ја победи Хрватска во последното коло, па така Хрватите се наоѓаат во една чудна позиција.