Бисинов на шопинг во Суперлигата, донесе нов ракометар пред битките за елитата

По Виктор Трифуноски, тимот на Бисинов од Велес го донесе и второто засилување пред стартот на прволигашкиот плеј-оф, дознава 24Ракомет.

Станува збор за средниот бек Стефан Кочаров, кој покрај средната може да ги покрие сите бековски позиции.

Кочаров во минатата полусезона играше за тимот на Пролет, а претходно има настапувано за Вардар Неготино, Работнички…

Во составот на велешкиот тим има повеќе ракометари со суперлигашко искуство, па нема сомнеж дека ќе биде главен фаворит за место во елитната конкуренција.

Бисинов напролет ќе се бори за пласман во елитата и настапот во плеј-офот ќе го стартува со максимален број бодови, односно три.