Билети во продажба – за 9 евра поддржете ја Македонија во Прешов

Словачката федерација пред десетина дена ги пушти во продажба билетите за првиот меч од баражот за СП 2027 меѓу Словачка и Македонија што ќе се игра на 14 мај.

Билетите се продаваат онлајн ТУКА, а чинат 9 евра, независно од местото на седење во „Татран Арена“.

Oваа сала има капацитет од 3.870 седишта, многу веројатно ќе биде исполнета до последното место, а ќе има и македонски навивачи.

„Македонската фаланга“ од Виена веќе го најави своето присуство, а сигурно и голем дел од Македонците што живеат во Словачка и соседните земји ќе бидат присутни во „Татран Арена“.

Македонија е во поход на осмото по ред, а вкупно десетто учество на Мундијалите. Првиот меч е на 14 мај од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, а реваншот е на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.