Бикоски: Против Куманово очекувам три бода – ќе играме гордо како и досега!

Екипата на Прилеп денеска пред својата публика ќе го пречека еден од директните ривали во борбата за опстанок, тимот на Куманово.

Прилепчани, исто како и Куманово, играат одлично во вториот дел од сезоната, на 11  натпревари во плеј-аут фазата остварија осум победи, едно реми и само двапати беа поразени.

Куманово моментално на свое конто има 32 бодови, додека тимот на Божидар Мојсов пет бода помалку, односно 27.

Левото крило на Прилеп, Христи Бикоски, верува дека бодовите на денешниот дуел ќе ги освои неговиот тим.

,,Ова е најважниот натпревар на Прилеп за оваа сезона, очекувам од играчите максимална посветеност и ангажман, како и дисциплина. Верувам во соиграчите, го анализиравме ривалот, знаеме од каде е најопасен, се подготвувавме доста добро оваа недела, секој од нас си има свои задачи и верувам дека ќе бидат исполнети од наша страна”, изјави Бикоски.

За денешниот дуел со Куманово повторно се очекува составот на Мојсов да има голема поддршка од публиката.

,,Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број, да нѐ бодри, да биде нашиот осми играч, а ние ќе играме за градот и клубот гордо како и досега, максимално пожртвувано, па се надевам дека бодовите ќе останат дома”, заврши Бикоски.

Натпреварот меѓу Прилеп и Куманово ќе се одигра во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” со почеток од 18:30 часот. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142