Бикоски: Ќе биде тешко во Неготино, но на маката се познаваат јунаците

Екипата на Прилеп во натпревар од 10. коло од Супер лигата ќе атакува на прва гостинска победа.

Ривал на прилепчани ќе биде тимот на Вардар Неготино, кој покажа дека е доста незгоден, особено на домашен терен.

Прилепчани на првиот дуел со неготинци славеа со 30:22, но сега ќе имаат тежок предизвик, бидејќи ќе играат на гостински терен.

Заменик капитенот на Прилеп, Христи Бикоски, го најави дуелот со Вардар Неготино и истакна дека неговиот тим ќе даде сѐ од себе за да се врати во победнички ритам.

,,Очекувањата за овој дуел се победа, одиме на три бода, немаме што да изгубиме, треба да го испочитуваме договореното, да го играме нашиот систем и мислам дека можеме до позитивен резултат. Ние сме фаворити на хартија, треба таа улога да ја оправдаме во Неготино, тие не се за потценување, ги респектираме, играат пред своја публика, добро знаеме дека на сите екипи му се спротиставија на домашен терен, играат одлично, но ние нема да се предадеме и одиме со кренати глави”, изјави Бикоски.

Прилепчани доколку триумфираат против Вардар Неготино ќе се израдуваат на првата гостинска победа, но и ќе излезат од резултатската криза.

,,Секако дека овој дуел е важен, за тимот на Прилеп оваа сезона сите натпревари се финале, сите натпревари се тешко, но тоа нас не прави подобри играчи и подобра екипа. Атмосферата е одлична како и секогаш, тоа е на прво место, најмногу нѐ краси другарството и тоа секогаш ќе го има. На секој натпревар одиме на победа, знаеме дека во спортот некогаш добиваш, некогаш губиш, но целта е да се одигра добро и да се оди на победа. Ќе настапиме комплетни во дуелот со Вардар Неготино, не се предаваме, знаеме дека ќе биде тешко, но на маката се познаваат јунаците”, заврши Бикоски.

Натпреварот меѓу Вардар Неготино и Прилеп ќе се одигра в сабота (11 ноември) со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Неготино.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126