Без натурализираните играчи – Кудуз и Хумет нема да играат за Романија на ЕП

Селекцијата на Романија ќе биде драстично ослабена на претстојното Европско првенство во Германија.

Селекторот Чави Пасквал нема да смета на двајцата натурализарни ракометари – Анте Кудуз и Хавиер Хумет.

Левиот бек од Хрватска и десниот бек од Шпанија имаат повреди и не беа дел од подготовките на нациоаналниот тим.

Но тука е Демис Григорас, десниот бек кој игра во одлична форма оваа сезона, а на левата бековска позиција Пасквал ги има во опција Ракотеа и Бузле.

Романија загуби убедлив од Швајцарија во првото коло од турнирот во Винтертур, а до ЕП ја чекаат уште тестови против Босна и Херцеговина и Аргентина.

Момците на Чави Пасквал на ЕП ќе играат против Шпанија, Хрватска и Австрија.