Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за завршниот турнир во најелитното европско клупско натпреварување.
На Ф4, ќе има две екипи од Германија, една од Франција, како и европскиот првак Барселона, кој го елиминира ПИК Сегед.
Каталонскиот гигант ќе игра против Магдебург во првото полуфинале, додека во второто полуфинале на мегдан ќе бидат екипите на Фуксе Берлин и Нант.
Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се игра на 14 и 15 јуни на добро познатото место – „Ланксес Арена“ во Келн.