Egypt vs Croatia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Jönköping, 13.01.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Балиќ: Хрватска има капацитет да се врати со медал од ОИ

Најдобриот ракометар во историјата на Хрватска и еден од најдобрите на сите времиња – Ивано Балиќ, пред извесен период се врати во својот матичен клуб.

Некогашниот ракометен ас, кој беше страв и трепет за секоја репрезентација, го засили стручниот штаб на ракометниот клуб Сплит.

Откако беше асистент на тогашниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват, сега се врати на местото од каде што започна неговата богата кариера.

Легендарниот Балиќ во разговор за порталот „germanijak.hr“ зборуваше за неговиот камбек во матичниот клуб, но и за хрватската репрезентација, која ќе настапи на Олимписките игри во Париз.

,,Пред сѐ, честитки до стручниот штаб и играчите за одличниот резултат во квалификациите. Хрватскиот ракомет и натаму е на светскиот врв без разлика кој ќе биде исходот во Париз. Ќе бидам голем навивач и се надевам дека момците ќе се вратат со медал, им посакувам да го доживеат успехот од 1996 и 2004 година, чувство со кое ништо во светот на спортот не може да се спореди“, изјави Балиќ.

Хрватска пласманот на најголемата спортска манифестација го обезбеди преку квалификациски турнир.