Астраион не виде мака со Борец

Тимот на Астраион славеше рутинска победа над велешки Борец со 34-16 во последниот натпревар од 10 рунда во Првата лига.

Струмичани излегоа на терен со подмладен ростер, а велешани имаа само десетмина во составот, па победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 20-6.

Второто полувреме мина без никакви возбудувања на теренот, Астраион одигра колку што треба за победа и на крајот ги освои трите бода.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Митко Ефтимов со девет гола и Гоце Аргиров со пет погодоци. Кај Борец, Стефан Богдановски погоди пет пати.

Во следните натпревари, Астраион, кој е шести со десет бода, ќе ја продолжи борбата за плеј-оф со Шампион и Текстилец кои имаат 10, односно 15 бодови на четвртата и петтата позиција.