Поранешниот ракометар на Вардар, Анте Гаџа, и понатаму ќе ги брани боите на Ал Нор од Саудиска Арабија.
Хрватскиот среден во декември минатата година се пресели во овој клуб, каде остана до крајот на сезоната.
„Хендбол Арабик“ објави дека Гаџа ќе го носи дресот на Ал Нор и за време на Супер Глоуб, кој стартува на 7 ноември.
Тимот каде што ќе игра Гаџа, Ал Нор, се наоѓа во група со каталонскиот гигант Барселона и со египетскиот тим Ал Ахли.