Тимот на Славија Прага, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, обезбеди место во финалето на плеј-офот во Чешка.
Славија Прага славеше во мајсторката во серијата „подобар од три“ на гостински терен кај Хазена Кинжварт со убедливи 30-22.
Јанкуловска на овој натпревар успеа да реализира два погодоци во противничката мрежа и придонесе за пласманот во финалето.
Ривал на Славија Прага во финалето на плеј-офот ќе им биде големиот ривал Бањик Мост, кој ќе ја брани титулата во Чешка.