После игра на ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ со репрезентацијата на Турција и веќе заверениот пласман на репрезентацијата на Унгарија на домашен терен, како апсолутен фаворит со сите свои фантастични перформанси што ги поседува би требало да одработи еден натпревар со кој ке го потврди сето ова.
Тактика – одбранбена формација 6:0, со одреден притисок на 2-ка и 5-ка, додека 3-ка и 4-ка поголем акцент на Петра Вамос која поседува фантастична техника, игра 1:1, форсира, упорна во намерата, оди до крај, има страшна промена на правец со и без топка и игра во 2 правци (прва опасност).
Крилните играчи да не примат топка, а со тоа се прави густина во одбраната, ако примат топка реализацијата им е фантастична.
Договор од 2 до 5 во одбрана, да се прави густина во одбрана, со дадени однапред ситуации кој да шутне, притоа да се направи блок и нормално безпрекорна анализа на голман и да бараме процентуална шанса (Клујбер, Вамос и Кучора – шутеви од надвор).
На погрешен наш напад кој кого прати, за да не дојде до нивната фантастична транзиција.
Играч повеќе задолжително гол без кикс.
Мотивацијата е неизбежна.
Добри страни на Македонија – како светла точка се појавува зона 5:1, која ја играме поагресивно и подисциплинирано, со чести прекини, тука се појавуваат Јанкуловска, Џатевска, Коларовска кои би требало и денес да го дадат максимумот. Убаво би било да се игра 2:2 со нашите пикери, пролаз или шут.
Добри страни на Унгарија – во секој сегмент од ракометната игра има со што да се пофали (одбрана 6:0, 5:1, организирани напади со пролаз или шут од надворешна линија, продолжување на топка до крилните играчи кои се немилосрдни во нивната реализација со еден збор фантастични, едноставно убаво за око), ако ја анализираме утакмицата со Шведска. Прв бран после добра одбрана им е фантастичен, добар ростер, одбрана пар-непар фантастичен и како индивидуални играчи би ги издвоил Клујбер, Симон и Фузи-Товизи.
Лоши страни на Македонија – играме спор ракомет, со многу тапкање, нефорсираме трчање односно транзиција, според мене тоа се должи на техничката подготовка кај одреден број на играчи во рана едукација (па навидум изгледаме премногу бледо). Недисциплиниран напад, треба да се чека шанса за гол, односно да немаме избразни шутеви.
Лоши страни на Унгарија – гледајки го натпреварот со Турција, знаат да влезат во црна серија која треба со наша дисциплинирана игра да се искористи во наша полза.
СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!