Екипата од Автокоманда во натпревар од 3. коло од Лигата на Европа пред својата публика беше поразена од Силкеборг со 31:23 (16:12).
Избраниците на Лазаров не успеаја да се израдуваат на првата европска победа и останаа со само еден бод на табелата.
Вицепрвакот одлично го стартуваше натпреварот, поведе со 3:0, шест-седум минути беше во резултатска предност, но потоа дојде до израз квалитетот и искуството меѓу двете екипи, па така гостите од Данска се израдуваа на втората победа.
Во следното, 4. коло, тимот на Лазаров повторно ќе игра против денешниот ривал, но на гостински терен.
Најефикасни во поразениот тим беа Иван Џонов со седум и Мартин Серафимов со пет погодоци. Голманот Благојче Трајкоски забележа 11 интервенции.
Кај Силкеборг одлична партија имаше Лудвиг Халбек со девет погодоци, додека голманот Микел Ловквист блескаше меѓу стативите со дури 18 одбранети удари.
Екипите на Војводина и Ла Риоха, кои исто така се ривали на „сино-белите“ од Автокоманда, одиграа интересен дуел, во кој бодовите ги освои шпанскиот тим.
Гостите од Шпанија во Нови Сад триумфираа со 25:24 и останаа во игра за првата позиција на табелата. За нив денешната победа беше прва во новата сезона.
Лига на Европа, 3. коло, резултати:
Група А
Кристијанштад – Нант 27:31 (17:19)
Бенфика – Рајн Некар 20:45ч
Група Б
Хановер – АЕК Атина 31:25 (12:14)
Горњик Забж – Луцерн 20:45ч
Група Ц
Велење – Куенка 28:20 (11:10)
Савехоф – Винтертур 20:45ч
Група Д
Брага – Скјерн 20:45ч
Повашка Бистрица – Нексе 20:45ч
Група Е
Елверум – Фленсбург 32:33 (13:13)
Ловќен – Кадетен 20:45ч
Група Г
Фуксе Берлин – Динамо Букурешт 20:45ч
Извиѓач – Шамбери 20:45ч
Група Х
Констанца – Хобри Глогов 29:18 (15:8)
Татабања – Спортинг 31:32 (13:12)