Алборг задржа една ѕвезда

Официјалниот сајт на данскиот Алборг информираше дека е продолжена соработката со еден од најдобрите ракометари во клубот.

Швеѓанецот Лукас Нилсон потпиша нов договор и ќе остане во дрим-тимот најмалку уште три сезони, односно до 2027 година.

Левиот бек во актуелната прва сезона за него во Алборг играше на 38 натпревари и постигна 149 голови досега.

Шведскиот репрезентативец, кој потекнува од Иштад, во кариерата пред Алборг ги носеше дресовите на бундеслигашите Кил и Рајн Некар Левен.