Поранешниот член на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Веспрем, пренесува хрватскиот портал „Германијак“.
Според пишувањата на споменатиот медиум, раководството на Веспрем и Циндриќ се договориле на двегодишна соработка. Искусниот среден бек во изминатата сезона настапуваше за амбициозниот проект на Динамо Букурешт.
Со тимот од Романија играше во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа, па така со доаѓањето во Веспрем повторно ќе настапува во Лигата на шампионите.
Хрватот имаше клаузула во договорот со Динамо Букурешт дека ако замине Пасквал, може да замине и тој. Веспрем токму во Чави Пасквал ја најде замената за Момир Илиќ и уште тогаш беше јасно дека Циндриќ е на добар пат да заигра во Унгарија.
Циндриќ во својата кариера има освоено три златни медали во Лигата на шампионите, беше на европскиот трон со Вардар во 2017 и на двапати со Барселона (2021 и 2022).
Веспрем претходно се засили со довчерашниот член на Загреб, Никола Граховац, а во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања.
Динамо Букурешт го договори Брозовиќ, чека одговор од Циндриќ…