Акснер отвори карти – еве го составот на Шведска за мечот со Македонија на ЕП 2024

Селекторот на шведската репрезентација, Томас Акснер, го одреди скратениот состав за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Акснер ќе смета на 18 ракометарки, меѓу кои се Хагман, Блом, Робертс, Стронберг, Бундсен…па Шведска ќе игра на ЕП со најсилниот ростер.

„Сакаме да играме за медал на ЕП“, не е скромен Акснер.

Капитенот Јамина Робертс ќе игра на своето 18 големо натпреварување во дресот на Шведска и може да влезе во историјата на тамошниот ракомет, како играч со најмногу настапи за националниот тим.

Натали Хагман ќе игра 15 пат за Шведска на големо натпреварување, Лин Блом по 14 пат, додека Стромберг по 13 пат ќе го облече националниот дрест на ЕП, СП или ОИ. Нема ниту една дебитантка во шведскиот состав.

Швеѓанките ќе го имаат собирот на 20 ноември и ќе играат два пати со Полска на тест средби на 23 и 24 ноември пред заминувањето за Дебрецин на 26 ноември. Прв ривал на Шведска ќе биде селекцијата на Македонија, а натпреварот се игра на 28 ноември од 20:30 часот.