„Ако Циндриќ не игра на ниво, нека ги остави Карачиќ и Дувњак да ја водат Хрватска“

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Ведран Зрниќ, за хрватскиот портал „Gol.hr“ даде свое видување за моменталната состојба во хрватската репрезентација и во која насока треба да се движат „коцкестите“.

Зрник, кој со Хрватска освои злато на Светското првенство (2003) и на Олимписките игри (2004), во негативен контекст го истакна Лука Циндриќ, додека пофални зборови имаше за голманите Доминик Кузмановиќ и Матеј Мандиќ.

„Би му се заблагодарил на Лука Циндриќ, доколку не игра на ниво, нека ги остави Карачиќ и Дувњак да ја водат Хрватска. Репрезентацијата би ја базирал на двајцата голмани Кузмановиќ и Мандиќ, за понатаму би го повикал Халил Јагањац, тука ѐ и Мартиновиќ, кој се повреди”, изјави Зрниќ.

Избраниците на Горан Перковац на Европското првенство во Германија завршија на 11. позиција. Во групната фаза остварија две победи и едно реми, додека во главната фаза загубија на три натпревари и триумфираа само против домаќинот.

Бидејќи Хрватска не успеа да ги исполни зацртаните цели на континенталниот собир, ќе мора преку квалификации да брка пласман за настап на Олимписките игри во Париз.