Адемар Леон ќе добие 40.000 евра оштета за несудениот пелистерец

Репрезентативецот на Србија, Марко Милосављевиќ порано од очекуваното ќе го напушти Адемар Леон и ќе го облече дресот на Нант, пренесува „Рукометни Журнал“.

Според наведениот портал, клубот од Франција на Адемар Леон ќе му исплати обештетување во висина од 40.000 евра, бидејќи Милосављевиќ има важечки договор до крајот од сезоната.

Несудениот пелистерец требаше да се пресели во Нант по завршувањето на тековната сезона и да биде замена за португалскиот репрезентативец Александре Калваканти, но раководството на Нант веднаш го посакува левиот бек.

Милосављевиќ беше дел од Црвена Звезда и Железничар Ниш, пред да замине во Асобал лигата, а летово беше на прагот на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Двете страни беа многу блиску до договор, кој на крајот не беше реализиран, па така во трката за Милосављевиќ веднаш се вклучи францускиот клуб.

Нант првиот дел од сезоната во најсилното натпреварување во Франција го заврши на втората позиција, додека во Лигата на Европа избори пласман во главната фаза.