Ацевски: Мора да го оставиме срцето на терен за да славиме со Мулти Есенс

Ракометарите на Прилеп во рамки од 5. коло од Супер лигата за ривал го имаат дебитантот Мулти Есенс.

Прилепчани во Автокоманда одат на освојување на три бода, со кои ќе ги задржат шансите за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата.

Голманот на Прилеп, Давиц Ацевски, истканува дека тимот од Автокоманда не треба да се потцени, бидејќи на дел од претходните натпревари се покажал како незгоден ривал.

,,Тимот на Мулти Есенс е релативно млада екипа, исто како и нас, станува збор за екипа која никако не треба да се потцени, но како и на секој натпревар ние атакуваме на победа. Противникот го анализиравме во текот на изминатата недела, се подготвувавме и максимално сме фокусирани на нашите задачи зададени од тренерот”, изјави Ацевски.

Според Ацевски, дебитантот е опасен од секоја позиција, па така заедно со неговите соиграчи ќе треба да го дадат максимумот за остварување на целта.

,,Мулти Есенс е екипа која игра брз ракомет и можат да бидат опасни од секоја позиција, мислам дека секој натпревар си носи свој притисок, но иако се дебитанти, сепак, тие се доста квалитетна екипа и ние мораме да го дадеме максимумот за да дојдеме до позитивен резултат. Мислам дека на овој натпревар пресудни ќе бидат борбеноста и максималната концентрација и нормално што помалку технички грешки” додаде Ацевски.

Младиот голман е задоволен од досега прикажаното на неговиот тим.

,,Мислам дека имаме доста позитивен резултат остварено до сега, но сезоната е долга, имаме уште многу натпревари за играње и се надевам дека сѐ ќе се одвива во најдобар ред. Натпреварот со Мулти Есенс и потоа следниот со Голден Арт можат да бидат клучни во битката за плеј-офот, но ние мораме да бидеме подготвени за секој дуел, мораме да го оставиме срцето на терен за да дојдеме до остварување на целта”, заврши Ацевски.

Натпреварот меѓу Мулти Есенс и Прилеп се игра утре со почеток од 17:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126