Јасухира за еден месец се враќа на терените!

Средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, би требало за месец дена да се врати на ракометните терени и да продолжи со „командување“ на нападот на „црвено-црните“. Тој се повреди на репрезентативниот настап за Јапонија на Азиското првенство во натпреварот против Иран од втората рунда, и на прв поглед изгледаше дека има сериозна повреда откако падна незгодно на грбот.

Сепак според последните информации нема никаква скршеница, туку има само набиено место, и проблемот ќе биде решен со терапии. Јасухира во моментов се наоѓа во татковината, и до крајот на февруари ќе се врати во Скопје и ќе биде подготвен.

За клучните битки во април и мај, кога ќе се делат пехарите во Купот и ќе бидат и решавачките дуели за титулата, тој би требало да биде подготвен и да му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.

Вардар на средната бековска позиција ги има на располагање Мартин Карапалевски и новакот Немања Гојковиќ, а таму може да одговори и Матија Николиќ. Вардарци во првата рунда од плеј-офот му гостуваат на шампионот Еурофарм Пелистер во „Боро Чурлевски“ на 10 февруари со почеток во 18:00 часот.

🎥Вардарецот Јасухира падна како покосен, селекторот на Јапонија се фати за глава