Ѓорѓески и Будакалаш по најголемиот клупски успех, ги избегнаа Веспрем и ПИК Сегед

Тимот на Будакалаш, каде што во одлична форма брани македонскиот голман Даниел Ѓорѓески, има шанса оваа сезона да постигне историски успех.

По елиминацијата на Егер, Будакалаш обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Унгарија, а таму ќе се соочи со составот на Веспреми КФТ.

Будакалаш и Ѓорѓески ги избегнаа големите фаворити Веспрем и ПИК Сегед, кои ја сочинуваат втората полуфинална двојка.

Ф4 во Купот ќе се игра во „Ауди Арена“ во Ѓер на 23 и 24 април.

Во првенството, Будакалаш се наоѓа на шестото место со 21 бод, само еден помалку од Ференцварош и Татабања, кои се на четвртото и петтото место со 22 бодови.