Чаир од почетокот го диктираше резултатот на гостувањето кај Пелистер и стигна до победа од 36-22 (20-10). Мечот наместо во Битола се играше во Скопје, па Чаир само условно беше гостин. По овој натпревар, Чаир е трет на табелата со девет бода од шест меча, а Пелистер е седми со еден бод, исто така од шест натпревари.
Чаир ги постигнаа првите два гола, Пелистер израмни, но потоа постојано беше во негатива. Чаир во 11. минута поведе со 8-4, по што битолскиот тим побара тајм-аут. Разликата продолжи да расте и во 15. минута резултатот беше 11-5 за чаирчанки.
Клучниот период дојде веднаш потоа. Од 11-5, Чаир постигна седум гола во низа и во 23. минута побегна на 18-5. Пелистер успеа да го прекине налетот и до паузата да намали на 10-20, но не и да ја доведе во прашање предноста на ривалот.
На почетокот од вториот дел Чаир повторно се оддалечи, од 21-11 на 24-11. Битолчанки потоа стигнаа до 14-24, но секој нивен обид да ја намалат негативата добиваше одговор. Во финишот избраничките на Басри Љатифи поведоа и со 36-20, пред Пелистер со два гола да го постави конечниот резултат.
Рона Мифтари беше најефикасна кај Чаир со 12 гола, Стефани Ристиќ постигна седум, а Росана Павлова шест. Кај Пелистер се истакнаа Ана Стојчевска со осум, Сара Котевска со шест и Даниела Шиниковска со пет гола.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾

























