Словенечкиот среден бек Миха Котар ќе ја продолжи кариерата во Црна Гора и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен од македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер во Будванска Ривиера.
Котар, кој во изминатиот период настапуваше за српскиот Партизан, треба да донесе дополнителен квалитет во играта на црногорскиот клуб.
Станува збор за ракометар кој се одликува со добра организација на нападот, креативност и ракометна интелигенција, но не успеа да се наметне во Битола, па ќе оди на позајмица, а Еурофарм Пелистер веќе го ангажираше Саду Н’танзи.
Словенецот ги направи првите ракометни чекори во Тримо Требње, а во кариерата настапуваше и за Словењ Градец. Последните две сезони ги мина во Партизан.
За Котар ова ќе биде нов предизвик во кариерата, а останува да се види каков придонес ќе има во амбициите на тимот од Будва.

























