Букурешт ја слави Ристовска, Рапид ја среди Валчеа!

Капитенката на женската репрезентација на Македонија, Сара Ристовска, игра во одлична форма во романскиот шампионат.

Нејзиниот Рапид Букурешт славеше во дербито на 5 коло од романскиот шампионат против Валчеа со 29-25.

Ристовска беше најдобар стрелец со пет гола од шест обиди и заедно со француското дуо Глосе и Канор, беа најзаслужни за триумфот на екипата предводена од Драган Аџиќ.

Следен предизвик за Ристовска и Рапид Букурешт ќе биде гостинскиот натпревар кај Залау.